Јас не оти знам шо ние охриѓаниве им сметаме на сите? Абре и за шо требит и за шо не требит по нас да се викало. Не велам не. Можда и до лани праевме по некоја пиздарија, мала, ама годинава ете со владините реклами се потрудивме и скоро сите ендемични видој на домаќинки, таксисти, келнери ги истребивме. Скоро сите. И ако се јајт трици нек се јајт со аргументи. Не само бладај ко политичар.
И кажи де. Шо ни фалеше годинава?А? Потона некој брод? Убивме некого на улица? А не дека не можевме. Можевме. Ама не сакавме. Не само да се јадело трици. А доказ дека мојме пак шо сакаме да прајме е она шо се случив во Канео. Виде? Им пуштивме тро струја колку да видет дека ак сакаме мојме туристиве да ги спржиме ко скакулци. Аме нејќевме. Како ами. Зато се нервирам. Еве јавно некој нека кажит дека сме лоши домаќини.
А да ти кажам искрено, не ми е згодно да им речам на туристиве ама ќе им го плеснам в очи. Колку претервет тие пак ние сме арни. На пример денес поарно е да си рудар отколку келнер во Охрид. И то све ни прает заинет. Како ам. Седнале четворица и замисли за инет нарачвет четири различни кафина. Ти се молам. Едно без шеќер, едно со малку шеќер, едно средно и едно шербетлија. Алоооооо. Па софтвер во глата да имаш немојш да запамтиш, а не камоли обичен охридски мозок. Ко ти викам. Претервет ова туристиве.
Абе жив сведок бев во рибнион. Да ми кажвеа ај и така и така. Карши мене едни збеснати го чекале келнерот 45 минути. Како ми дојде да станам и да ги отерам у шесто ама ај после ќе сплетеа приказни зш скопјанишча се им викам. А ич не беа во право. Зш јас пола сат пред нив дојдов и уште немав нарачано. И то ме изнервира. Сакаа пред мене да нарачет. Јас како можев да бидам смирен? А? Ам ај келнерон ролерки да клајт и да летат по терасана. На шо ќе личит? Пак ај им донесе чорба, пак дал имало сол, пак донеси ни лимон, пак бибер…. и убо им рече култруно келнерот…дан сакате да ви ја исркам чорбата. Ам така де.
Претервет бе ова туристиве. Еве ми кажвеше комшивкана шо го издават подрумот, и то убав подрум, полу сутерен, за посрани 400 денари кревет, душа и извајле. Си ошле едни и новиве шо дошло побарале нови чаршафи на креветите????!!! Абе Господ да чуват и да бранит. Ам тие пред тебе две недели шо беа не се сереа на чаршифите сега нови да ти редит. Е сега на еден додуша имаш детето потповратено, ама да му се прднам, дете колку мојт да повратит? Ни еден грст повраќајнца. Плус од детенце е , не оти од некој пијаница. Не така? И то повратило на почетокот, јас лично видов беше засушено не оти мирисаше. Е сега не беше убо за гледање, ама ти немораш на мев да спијаш и со носот да се закачиш во флеката. И чаршавот не е слика од пикасо да го гледаш. За спијање е. Претервет. И то многу.
Или пак шо ни ги напаѓет таксистине. Еве бе. Ајде јавно нека се пријавит некој турист кој се возел во охридско такси без да му се уклучит таксиметар.А? Ак се јавет појќе од 716 души јас стружанец ќе се викам. Ко ти викам претервет ова туристиве. Една пак шмизла од Скопје ја слушам се возела во такси од плоштад до Инекс и наводно ти зел таксистов ја вртел во круг за појќе да и наплатит. Страшна работа. Ам ај гуско една, во коцка да те вртит??? Круг си е круг. Абре чудо од туристи имаме. Само жали се, претерви.
И како да не збесвиш. Прв пат во животов ми се пројави желба да станам Бранко. Да бе. Ко него да сум. Сериозен сум. Сакам како него и мене да ме манит една амнезија и сиве овие оговарања од туристиве на сметка на охриѓани да ги заборам. Е сега не сум сигурен дали го мана амнезија или на шес се прајт ама какои да е сигируен сум лесно му е.
Ене го гледам него, такво му е двор му , газот чаршија. Например во Ресен ко беше. Кажа и улиците дека се ископани и фабрики затворени и школи запустени, абре со еден збор дека Ресен е за нигде. Изгледа или се прајт на шес или е амнезиран. Ам јас од ко го памтам Ресен ко катакомба е ама памтам и друго. Сто години градоначалник беше Бузле. Колку мене ме држит памтењето тогаш ист беше Ресен. Дан имаше автопат со шес ленти или пак дупките дан беа со сунѓер по улици пак помеки беа ко ќе акневме со колине????А?
И да ти кажам ради уште една работа сакам да сум Бранко. Наместо да вртам по телефони да трошам пари и да и кажвам на жена ми кај сум ене ти го здрав и жив да е, машала, бабачко ко бамбус во глана, Бичиклиски. Све кажвит за него. Цела македонија знајт шо прајт и како прајт. И то кажвит битни работи и ме бендисвит шо одма споредвит, со факти: “ Бранко беше во Ресен го почеша газот, а заборават дека ние веќе неколку години си го чешаме во Ресен и нашето чешање вроди плод, немаме појќе мајасол…..Бранко во Струмица го копаше носот, не велиме не, ама ние ко ќе ги копаме носојте не ги фрламе кормушките со чулчено ко него, нити му ги редиме на Заев в џеб….нашите кормушки ги прајме топчиња, ги чуваме и му ги даваме на македонскиот народ за моментот кога тие, кормушките, ќе им се појќе од потреби….„И многу други препоептенај битни работи за живото негов и неговите потези.
Во духот на македонштината и вродениот патриотизам кој и низ ушите ни течит нема да дозволиме да сме втори Скопје да е втор Абре во душа нѝ е да сме лидери на балканот и незнам како се случи Сараев...
Јас незнам шо министерот за локална самоуправа, Златко Перински, имат толку против формирање Албанска академија на уметностите Не ми е јасно з`ш Перински можда не директно ама тој и неговите некога...
Абе ко му се испрај, ко шо е онака мажиште пусти Венко широк во плештине, Мицко се собра ко глувче А пак искрени да сме убо му згрми дека ги излажа професорите Мицко ќе му даел само 5% повисока пла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.