Екипата на Струга Трим Лум, во неизвесен и драматичен натпревар на Градскиот стадион „ФК Караорман“. со погодокот на охриѓанецот Абдулхади Јахја го совлада тимот на Работнички со 2-1. Јахја мрежата на „романтичарите“ ја погоди со глава во 87-та минута и беше творец на новата победа во прволигашката конкуренција.

„Црвено белите“, на победа се израдуваа после четири мечеви и прв пат сезонава триумфираат со погодокот во самиот фини од натпреварот. Претходно, без победа или бодови остануваа во дуелите со Вардар, Шкендија и Борец.

Време беше и ние да дадеме гол во финишот и да се радуваме на победа. Од претходните мечеви ја подобривме само концетрацијата, инаку, секогаш јас и играчите даваме максимум. Победата над Работнички беше тешка, но мислам заслужена. Во поголем дел од играта доминиравме и видлива беше нашата желба за победа. Трите бодови многу ни значат, затоа што не задржаа во горниот дел од табелата. – изјави Јахја.

Во последната рунда од есенската полусезона во Првата лига, Струга гостува кај тимот на Шкупи.

OhridNews

 

Прва МФЛ: Охриѓанецот Абдулхади Јахја донесе радост за Струга, Шкендија се одлепи на врвот (видео)