Пред официјалното завршување на сезоната и комплетно насочување кон натпреварите на Европското првенство, Барселона, најверојатно ќе ги официјализира трансферите на Серхио Агуеро и Мемфис Депај.
Преговорите на релација Агуеро – Барселона се во завршна фаза и се очекува фудбалерот да ги прафати понудените услови за преселба на „Ноу Камп“. Агуеро со Барселона ќе потпише двегодишен договор во кој ќе заработи нешо помалку од 20 милиони евра.
Ситуацијата кај Депај е малку комплицирана но моментално Барселона е во пол позиција за неговиот ангажман. За Холанѓанецот заинтересирани се уште неколку екипи но неговата желба е Барселона, која најверојатно ќе пресуди на крајот.
Каталонците се подготвуваат за голема чистка и ремонт на „Ноу Камп“, подготвувајќи долга трансфер листа од десеттина фудбалери.
OhridNews