Манчестер Сити се врати на втората позиција на табелата во Премиер лигата и продолжи да го притиска лидерот Ливерпул во борбата за титулата после триумфот (3-1) во дербито со Арсенал на Етихад стадионот.

„Граѓаните“ до триумфот стигнаа на крилата од Серхио Агуеро кој ги постигна три погодоци. Аргентинецот погоди во 1-та минута, а возврати Лорант Кошчиелни десеттина минути подоцна. Агуеро предноста на домаќините ја врати во 44-та, а победата ја завери во 61-та минута.

Разликата помеѓу водечкиот Ливерпул и Манчестер Сити е два бодови но „црвените“ од Енфилд имаат натпревар помалку. Избраниците на Јирген Клоп гостуваат во Лондон кај составот на Вест Хем.

OhridNews