Главната цел на ова а советување е да се внимава во усогласувањето на националната листа на активни материи што се користат како средства за хемиска заштита на растенијата.
– Сите препарати што се користат мора да е безбедни за животната средина – почвата, водата, воздухот, но и нормално да се нетоксични за луѓето, а нивното применување да е правилно и да не остава резидуи поголеми од дозволените граници, рече Претседателот на македонското Здружение за заштита на растенијата, Станислава Лазаревска.
Покрај важноста на агротехничките мерки во заштита на растенијата, на годинешното земјоделско советување се разговераше и за имплементација на Законот за заштита на растенијата. Земјоделското советување за заштита на растенијата годинава се одржува по 34 пат. Советувањето традиционално го организира академското Здружение за заштита на растенијата на Македонија, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Фитосанитарна управа. На ова советување учествуваат педесеттина експерти и гости од земјата, но и од научноистражувачки центри од Русија, Србија, Хрватска, Словенија Романија, Бугарија и Албанија.