Во недела на домашен терен ракометарите на ГРК Охрид ќе ја пречекаат екипата на Бутел од Скопје, во можеби клучниот натпревар за пласман во плејофот. Голманот Јагош Брауновиќ за натпреварот против екипата на Бутел со оптимизам за добар натпревар.

На гости ни доаѓа екипата на Бутел. Знаеме за каква екипа се работи, дека е многу добра и искусна, со доста искусни играчи и дека веќе имаат обезбеден пласман во плејофот, што не е случај со нас. На тој натпревар ќе дадеме се од себе да ја почнеме добро оваа полусезона и двата натпревари што следат да забележиме победи и да обезбедниме и ние пласман во плејофот што ни е многу важно, рече Јагош.

Доволни се четири победи, истакна Јагош, да ги добиеме Пролет на домашен терен и со победа против Бутел и Металург кои ќе видиме што ќе биде во продолжение дали ќе играат во сезоната или не, фактички би требало да обезбедиме пласман во плејофот, додава.

Периодот за подготовки кои го поминавме во Црна Гора поминаа одлично. Ги одигравме трите натпревари против екипите на Будва и Ловќен, а на два натпревари забележавме победи што е битно. На третиот натпревар им дадовме шанса на младите играчи, да видиме на кого се може да се смета во продолжение на сезоната. Генерално подготовките поминаа во најдобар ред, додава.

Натпреварот против екипата на Бутел во рамките на 18-тото коло од Супер Лигата е со почеток во 18 часот.

Н.С.Ј.