Не очекува тешко гостување кај екипата на Пролет. Знаеме за каква екипа се работи и знаеме дека на домашен терен играат речиси беспрекорно. Дополнително ветар во грб имаат од двете извојувани победи на стартот од плејофот, – рече црногорскиот чувар на мрежата Јагош Брауновиќ, во најавата за пресметката помеѓу Пролет и Охрид, во третата рунда од плејофот во Супер лигата.
Ние со добра енергија и позитивна атмосфера во составот ќе отпатуваме во Скопје каде ќе пробаме да се надигруваме, – истакна Брауновиќ.
„Гладијаторите“ во есенската полусезона два пати славеа во дуелите со Пролет. На домашен терен во СРЦ „Билјанини Извори“ победија со 24-19 додека на гостински терен во Скопје триумфираа со 22-18.
Двете победи од регуларниот дел во Супер лигата можат да ни бидат од помош само од психолошки аспект пред почетокот на натпреварот. На теренот нема да значат ништо, бидејќи во плејофот, мечевите се играат со далеку појако темпо и поголем императив за победа, – изјави Црногорецот.
Тој смета дека играта во одбрана ќе го одлучи победникот на дуелот во салата „Македонско сонце“ во Скопје.
Која екипа ќе одигра подобро во одбрана ќе има поголеми шанси во нападот за релативно лесни голови. Јас или Никола кој и да добие шанса подготвени сме за добар перформанс, кој се надеваме дека ќе биде доволен за победа, – рече Брауновиќ.
Пролет во воведните две рунди ги совлада Металург и Еурофарм Пелистер 2 додека Охрид претрпе пораз од Бутел Скопје и од Вардар.
- Двојки 3.рунда:
Бутел Скопје – Струга
Металург – Еурофарм Пелистер 2
Пролет – Охрид
Вардар – Еурофарм Пелистер
Табела: Еурофарм Пелисте 6, Вардар 6, Пролет 6, Бутел Скопје 3, Металург 1, Струга 1, Еурофарм Пелистер 2 0, Охрид 0.
Мх.П.