Охридската „единица“ Јагош Брауновиќ се најде на поширокиот список од 28 ракометари кои ги одбра црногорскиот селектор Зоран Рогановиќ за претстојното Европско првенство. Брауновиќ долго време е со репутација репрезентативен голман, а таа сака да ја капитализира со поминување на последниот филтер и настап на континенталниот собир јануари следната година.

Секој спортист посакува да го види своето име на списокот од репрезентација. На половина пат се наоѓам од остварување на сонот. Вложив многу во себе изминатиов период да му помогнам на ракометниот клуб Охрид, а сега ќе треба уште повеќе да работам за да го поминам последниот филтер и да бидам дел од репрезентацијата на Црна Гора, која ќе биде дел од Европското првенство. – изјави Брауновиќ.

Репрезентативниот повик Брауновиќ го доби со маестралните претстави во дресот на Охрид. Младиот чувар на мрежата имаше неколку брилијатни партии, а цела полусезона беше на ниво од задачата.

Охрид има повеќе од успешна полусезона зад себе во Супер лигата. Со 12 победи во 14 натпревари покажавме дека сме квалитетни и дека може сериозно да се смета на нас оваа сезона. Домашниот терен ни беше најголем адут, а на гостински издржавме под секој притисок, исклучувајќи го поразот во првото коло. – рече црногорскиот голман.

Охрид, првата етепа во Супер лигата ја заврши на втората позиција со само бод помалку од водечкиот Металург.

OhridNews