Црногорскиот голман Јагош Брауновиќ и десниот бек Филип Николов уште една сезона ќе го носат дресот на охридскиот ракометен клуб, откако потпишаа нов едногодишен договор.

За Брауновиќ следната ќе биде четвртата во Ракометниот клуб Охрид, додека за Николов трета, бидејќи тој пристигна пред две години во зимскиот преоден рок.

Претходно, верноста со „гладијаторите“ ја продолжи Иван Тасески и тренерот Раде Стојановиќ, а се очекува тоа го направат и младинците, кои потекнуваат од охридската ракометна школа.

OhridNews