Аспирантот за титула Амак СП го губи здивот во трката со водечките Фени и Работнички. Охриѓани од третата позиција ќе ги започнат мечевите во суперлигата, а на отварањето во “Билјанини“ ќе го пречкаат битолски Пелистер. 1-1 е во меѓусебните пресметки.
– Далеку под нивото играме во продолжението на пренството, периодот пред нова година го одигравме одлично, додека паузата го поремети нашиот ритам. Сепак имаме добра стартна позиција во супер лигата во која немаме право на кикс. Првото коло е против Пелистер дома , екипа која не совлада во првиот дел дури во две продолженија (98-95), мислам дека сме подобра екипа и очекувам победа в сабота –вели Слободан Агоч.
>>Пелистер првиот противник во суперлигата
Агоч влече повреда на тетивата која може да биде една од причините за падот на формата, сепак сега не е периодот за одмор, а повредата нема да го спрече да биде на терен в сабота против Пелистер.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com