Со освоени 17 од можни 18 поени охридскиот Амак СП на делба на првото место ја заврши првата фаза од овогодинешното првенство.

До осумте победи Амак СП стигна откако ги совлада Торус (70-89), Соколи (100-83), Поп Спорт (71-90), Пелистер (72-65),  Овче Поле (70-52), Работнички (70-75), Вардар ( 89-71), и Мзт Фон ( 83-75).

Единствениот пораз го претрпеаа во Кавадарци од бранителот на титулата Фени Индустри (83-65).

Најпрезицен по првата фаза според статистичките податоци е Слободан Агоч кој во деветте натпревари постигна вкупно 159 поени или 17.6 по натпревар.

Најдобар скокач е Мирослав Чубрило кој просечно имаше по 12 скока.

Најдобар додавач со 3.1 асситенција по натпревар е капитенот Ефтим Богоев.

Војдан Стојаноски постигна најмногу поени на еден натпревар (30) во победата од 75-70 над Работнички.

М.Постоловски