Слободан Агоч, се приклучи на Амак СП на неполна недела дена пред стартот на сезоната. Српскиот интернеционалец лесно се вклопи во новата средина каде полека полека станува еден од носечките столбови во играта на Марјан Лазовски.

 – Немав проблеми со адпатацијата овде, претходно работев со Марјан, знам што сака од играчите. Исто така одлично бев примен во средината и одлично се чуствувам.

Агоч на мечевите со словенечкиот Лашко ги одигра без малку сите осумдесет минути, притоа забележителна улога одигра во вториот натпревар во Словенија каде реализира (11 п , 6 ск и 2 асс).

Фаворитската улога Агоч ја препушта на холанѓаните, а како главна причина за тоа го наведува акумулираното искуство во евронатпреварувањата.

Ајфел Тауерс се фаворити во утрешниот натпревар, но ние не одиме во Холандија со бело знаме. Елиминацијата на Златорот Лашко ќе им ги отвори очите на противникот, и сега посериозно ќе ни пристапат. Тие во својот состав имаат неколку американци кои сигурно ќе се обидуваат да ја забрзаат играта. Ние не треба да ја прифатиме нивната бркотница и ќе се обидеме што е можно повеќе да ја забавиме играта. Ако влеземе во нивниот ритам, тоа ќе биде погубно за нас – вели Агоч.

Охриѓани од саботата се во Холандија каде ќе одржат серија тренинзи со цел да ја темпираат формата. Првиот натпреварот од второто коло од Фиба Евро Челинџ купот Ајфел Таурес – Амак СП се игра во вторник во 20 часот.

М.П.