Покрај признанието за најдобар фудбалер во Македонија, Ибраими ја освои награда најдобар Македонец во странство.
– Многу сум среќен што ја добив оваа награда. Им благодарам на сите што гласаа за мене и што ме одбраа за најдобар помеѓу најдобрите – истакна Агим Ибраими по примањето на наградата.
За најдобар фудбалер во домашното првенствот беше прогласен играчот на Вардар, Остоја Степановиќ додека кај женските награда ја понесе Гентајна Рочи.
Сите лаурети прогласени на церомонијата на фудбалската федерација на Македонија :
Фудбалер на 2012 година: Агим Ибраими (Марибор)
Најдобар фудбалер во странство: Агим Ибраими (Марибор)
Најдобар домашен фудбалер: Остоја Стјепановиќ (Вардар)
Најдобар стрелец: Филип Ивановски (Вардар)
Најдобар тренер: Илчо Ѓорѓиоски (Вардар)
Најдобар младински фудбалер: Давид Бабунски (Барселона)
Најдобар футсал играч: Зоран Левески (КМФ Железарец)
Најдобар стрелец во футсал: Исен Мемеди (КМФ Елита)
Најдобар футсал тренер: Зоран Лекиќ (КМФ Железарец)
Најдобра фудбалерка во странство: Наташа Андонова (Турбине Потсдам)
Најдобра фудбалерка во домашно првенство: Гентјана Рочи (Наше Такси)
Најдобар стрелец во женски фудбал: Виолета Спировска (Наше Такси)
Најдобар тренер во женски фудбал: Кирил Изов (Истатов)
Најдобра младинска фудбалерка: Анета Ѓорѓиева (Младост)
Најдобар фудбалски работник за 2012 година: Орце Тодоров (Турново)
Фер плеј екипа на годината: Силекс Кратово
Најдобар судија во 2012 година: Александар Ставрев