При изјаснувањето за етничка припадност лицата што се изјаснуваат за Египќани, од страна на службениците во Агенцијата за вработување биле евидентирани  во други групи, обвинува Здружението на Египќаните. Поради тоа не можиме да добиеме релеватни податоци за бројот на невработените лица од заедницата на Египќаните, што е предуслов за првземање на било какви активности за подобрување на состојбата за економски развој на заедницата, велат од здружението за Египќаните.


Египќаните предупредуваат на работничка асим илација

Оттаму упатуваат апел до сите невработени граѓани припадници на заедницата на Египќаните во Охрид, Струга како и другите градови на Р. Македонија, да се јават во Агенцијата за вработување и да ги проверат своите податоци како се евидентирани по етничка припадност. При тоа укажуваме дека графата „Египќани“ во компјутерската евиденција на Агенцијата за вработување се води под број 44. Правилното евидентирање на невработените припадници на Египќаните во Македонија и добивањето на реална официјална бројка на невработените е еден од главните предуслови за да се превземат активности за економски развој на заедницата на Египќаните, но и на сите други заедници во Р. Македонија, велат од здружението на Египќаните. Ова здружение  упатува апел до сите државни и шалтерски работници во Охрид, Струга и другите градови на Македонија што работаат во јавните служби, во центрите за социјална заштита, во фондот за здравстевно и пензиско осигурување и другите јавни и државни уставнови, да бидат повнимателни при внесувањето во компјутерската евиденција на странките што се изјаснуваат за Египќани и да не ги внесуваат во графите на другите заедници за што тие не се изјасниле.

ohridnews