Американецот Скот Росенбаум направил интернет страница за изнајмување пријатели по цена од 10 долари на час. Во базата на податоци се наоѓаат 318 илјади мажи и жени, кои можат да се изнајмат за одење во кино, театар, ресторан или како водичи за обиколка низ непознати градови. Сајтот набрзо добил повеќе од 2000 членови кои плаќаат месечна членарина во износ од 23 долари.


Изборот на пријатели се врши со едноставен увид во податоците, кои вклучуваат и предмети на интересирање, за да не доаѓа до недоразбирања во текот на средбите. Скот изјавил дека сакал да направи чекор назад, бидејќи повеќето интернет страници нудат емотивни, а не пријателски врски.