Агенцијата за организирање забави “King Fairy” во Украина за божиќните празници одлучила да понуди пријатели за изнајмување. За само 20 евра изнајмуваат пријател со кој ќе можете да пиете цела вечер. Сметаат дека понудата е добра бидејќи не треба да се плашите дека некој ќе ве нападне или ќе ве остави на цедило, а изнајмените пријатели би разговарале на онаа тема на која сакате вие.
Дирењкторката на агенцијата, Јулија Пејева, истакнала дека токму таа услуга е една од најбараните во последнава година. Услугата всушност претставува пријатно друштво за досадна вечер. Додала дека агенцијата не го поттикнува алкохолизмот ниту се бави со нешто нелегално, туку се грижи за чесните лица.