Со измените и дополнувањата во Законот за обезбедување на имот и лица, ќе се се зголеми професионалноста на приватните агенции за обезбедување во Македонија и ќе се заострат критериумите за вршење на оваа дејност од јавен интерес.
Ова беше истакнато на Првата меѓународна конференција за приватно обезбедување, што во организација на Комората за обезбедување имот и лица на Македонија и МВР, се одржува во Охрид.
Новите законски измени предвидуваат строги критериуми за формирање Агенции за обезбедување, и едукација на кадрите бпред тие да се стекнат со лиценца за работа, вели Тихомир Николоски од Комората за обезбедување имот и лица. Според него надминат е негативниот имиџ кога припадници на агенциите за обезбедување често беа вмешани во инциденти. „Сега Агенциите во Македонија имаат професионални кадри, лиценцирани се околу 12.000 лица од кои 5-6 илјади активно работат во агенциите и во фирмите со сопствено обесбедување“, вели Николовски.
Претседателот на Комисијата за контрола и надзор на Агенциите за обезбедување имот и лица при МВР, Маринко Костовски информираше дека новиот закон за обезбедување на сила стапува од овој месец и со него е предвидено четиричлена комисија формирана од страна на министерот за внатрешни работи да врши постојана контрола на работата на Комората и на Агенциите за обезбедување. Доколку се утврат неправилности или пречекорувања на зконските овластувањата предвидено е одземање на дозволата за работа на агенциите и вработените, рече Костовски..
Киро Матески од агенцијата за обезбедување Бранител-Македонија, очекува со новиот закон да се стави конечно ред во работењето на агенциите за обезбедување. Тој признава дека во јавноста имиџот на агенциите за обезбедување е повеќе негативен отколку позитивен што според него се должи на недефинираните одредби во стариот законот за обезбедување имот и лица. Според него постојат поединци кои преку агенциите за обезбедување вршат изнуда, но како што рече тоа се слуша во фелата, а на полицијата е да ги открие и санкционира таквите појави.
На еднодневната конференција во Охид учествуваат претствници од 50-на агенции за обезбедување од земјава, како и експерти и гости од Словенија, Унгарија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово.
Г. Момироски