Кога од ФБИ успеале да пронајдат едно украдено ферари, негодвиот сопственик конечно можел да воздивне. Но, не за долго. Олеснувањето се претворило во агонија, бидејќи еден од агентите кој го чувале возилото не можел да му одолее, па пред враќањето на сопственикот го зел автомобилот да се повози. Изгубил контрола и удрил во некои грмушки. Сега сопственикот го тужи министерството за правда, бидејќи државата одбила да му ја плати штетата од 750 илјади долари.


Ферарито Ф50 било украдено 2003 година, а било пронајдено пет години подоцна. Агентот Фред Кингстон сакал да го извади од гаражата во мај 2009 година и да се провози. Тогаш се случил несаканиот инцидент. Ваков модел на ферари возеле само 50 американци, а направената штета била огромна. Судењето за случајот продложува во јуни.