Агенцијата за млади и спорт – АМС, заедно со Владата и сите надлежни институции, нема да дозволат овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да не се одржи и ќе ја преземе организацијата за одржување на Охридскиот маратон, објави попладнево АМС.

Од Агенцијата додаваат дека на сите пријавени учесници ќе им биде овозможено учество и со тоа маратонот ќе продолжи да биде атракција, како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан.

Повеќе детали за одржувањето на Охридскиот маратон, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе соопшти утре, на заедничка прес-конференција со градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков во просториите на Oпштината Охрид.

Пртходно градоначаникот на Охрид исто така најавио дека нема да се дозволи да згасне децениската спортска традиција и дека градот ќе направио се што е во негова моќ маратонот кој се соочува со финансиски потешкотетии да се одржи.

OhridNews