Чудното езеро Натрон ги претвора во камен секое животно кое ќе се искапи во него. Сместено на северот на Танзанија, езерото го инспирирало британскиот фотограф Ник Брент, кој на широката публика и е познат по видео спотот за песната “Earth Song” на Мајкл Џексон. По угледот на Стикс, митскта река која го разделува светот на живите од подземното царство, ова таинствено водено пространство ја скаменува секоја птица која ќе се осмели да ги наводени крилата во него. Според пишувањата на списанието “New Scientist”, температурата на езерот Натрон може да достигне дури 60 степен Целзиусови, додека алкалноста на водата варира помеѓу pH 9 i pH 10,5.

Како што кажува самото негово име, езерото Натрон е преполно со карбонат и натриум хидрогенкарбонат, така да буквално ги калисификува своите жртви. Британскиот фотограф одлучил скаменентите птици, кои биле исфрлени од брановите на брегот, да ги врати во природна положба и амбиент како би им подарил нов, уметнички живот. Неговата репортажа низ Африканските пространства е содржана во книга кога е во продажба на платформата за онлајн купување Амазон.