Домашното милениче Бумер, африкански лав стар две години, побегнал во шумите на Канада во близина на главниот град Отава. Полицијата не може никако да го фати. Двегодишното домашно милениче, тешко повеќе од 70 килограми побегнало од индијанскиот резерват. Последен пат го виделе во селото Маниваки, северно од Отава. Полицијата ги прати трагите, но не може да се движи како него. Училиштата и градинките во близината се известени и замолени да не пуштаат деца да си играат надвор. Сопственикот тврди дека е безопасен, но властите не сакаат да ризикуваат.


-Многу е храбро да се тврди за диво животно дека е безопасно. Презедовме секакви мерки за да не се случи незгода која подоцна е тешко да се исправи-изјавил портпаролот на полицијата.