Атлетската федерација утре во Охрид за време на подготовките ќе ги прогласи најуспешните за 2009 година. Охриѓаните Петар Николовски и Филип Кафтаноски се избрани за најдобри во своите категории, додека тренерот Влатко Димитров е избран за најдобар.

Еве ја комплетната листа на победници:
Во женска конурекција во пионерска категроија најдобра е Љатифова Сермендие од Скок, во млади младинки Валбона Селими од Скок, во младинки Христина Ристеска од 3-ти Ноември и Рожман Ивана од 7-ми Мај во сениорки.
               
Во машка конкуренција во пионерска категорија најдобар е Николовски Петар од Охрид, во млади младинци Кафтаноски Филип, во младинци Милчевски Бојан од Работнички  и во сениори Ефремов Кристиан  од Изгрев.

М.П.