Олимпијците Реџеп Селман и Иван Рожман се прогласени за најдобри атлетичари за изминатата 2008 година.

На мала свеченост Атлетската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите атлетицари-ки за 2008 година во сите категории :

Сениор: Реџеп Селман (АК Охрид)
Сениорка: Ивана Розман (ПАК 7-Мај)
Младинец: Кристијан Ефремов (АК Изгрев)
Младинка: Ивана Розман (ПАК 7-Мај)
Млад младинец: Славчо Мирчевски (АК Охрид)
Млада младинка: Христина Ристеска (АК 3-Ноември)
Пионер: Софијан Рамадан (АК Тетово)
Пионерка: Елизабета Филкова (АК ЛЈуботен)

АФМ одлучи признанија да им додели и на тренерот Ѓорѓија Ѓешовски и проф. Зоран Радиќ за придонес и развој на атлетскиот спорт во Македонија.


АФМ ја усвои и ранг листата на атлетските клубови за 2008 година.

Ранг листа на атлетските клубови за 2008 година – Севкупен пласман од Куповите на Македонија за сениори И за младинци:
1. АК “3-Ноември” од Прилеп – 126 бода
2. АК “Охрид’ од Охрид – 93
3. ПАК “7-Мај” од Скопје – 92
4. АК “Изгрев” од Велес – 91
5. АК “Кавадарци” од Кавадарци – 88.5
6. АК “Работнички” од Скопје – 65.5

Извршниот одбор ја усвои програмата за 2009 година, во која е предвидено одржување на сите домашни натпревари, учество на сите поголеми меѓународни натпревари, учество на семинари, едукација на тренерскиот кадар, набавување на атлетски реквизити, организирање на припреми за најквалитетните атлетичари-ки.

фото : www.afm.org.mk