Талат Џафери ќе го води Собранието и во наредните четири години, откако пратениците од новиот пармаментарен состав, вчера, го изгласаа за претседател на законодавниот дом.
Сакам да ве уверам дека и мојот иден ангажман на чело на законодавниот дом, ќе биде во иста насока, меѓутоа, збогатен со едно искуство повеќе, а секако, и во поинакви, поповолни услови за нашата земја, која денес е почитуван член на НАТО Сојузот, со усвоена преговарачка рамка со Европската Унија за постигнување на полноправно членство во европското семејство. – рече Џафери по изборот за претседатрел на Собранието.
Тој најави дека доследно ќе ги спроведува деловникот и законите и дека ќе биде претседател на сите 120 пратеници.
OhridNews