Претседателот на Собранието Талат Џафери се уште ја нема примено иницијативата за започнување на процедура за утврдување на уредноста на иницијативата за собирање на граѓански потписи за почеток на Референдумот што го најави ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од неговиот кабинет.

Џафери е надвор од државата. Во моментот кога ќе ја прими ќе бидете информирани на време, посочуваат од таму.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално ја поднесе иницијативата до Собранието. Координаторот Никола Мицевски денеска изјави дека собале околу повеќе од 650 потписи за референдумот за не повеќе од половина час.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, ги повика премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на државата Стево Пендаровски „да не опструираат преку Талат Џафери“ и истакна оти референдум мора да има.

OhridNews