Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ги распиша претседателските избори што ќе се одржат на 21 април, а во три општини, меѓу кои и Охрид, ќе има и вонредни локални избори во исто време со претседателските избори.

Според најавите, на 21 април ќе се одржи првиот круг, а на 5 мај вториот круг од изборите. Согласно Изборниот законик, не треба да поминат повеќе од 90 и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивно одржување.

Мандатот на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај.