Половина месец по апсењето на бизнисмените Миладинови, се крие информацијата-со колкав имот тие располагале. Од струшкиот катастар се извлекуваат со оправдување дека единствено нивниот референт Сузана Блажеска која во затворот во Шутка му прави друштво на Миладинови, ја знаела шифрата под која се води имотот.
Дознаваме,дека окуражени од хотелиерскиот бизнис по купувањето на Изгрев и Бисер, Миладинови, инвестирале и во изградба на апартамни во Бугарија. Никој не открива дали бугарската РАВ Миладинови која е основана во исто време кога и Кимико е на струшките бизнисмени. Под истото име има фирма за пекарски производи.
Она што се знае е дека покрај “ Кимико“ и “ Кимико гардине“, “ Кимитекс“ е името на третата фирма која ја основале, но набрзо пропаднала. Пропаднале и најмалку 30 други фирми кои во изминатиов период ги основале Миладинови- велат приватниците кои со нив терале бизнис . Кажуваат дека браќата ги довеле своите семејства на просјачки стап, бидејќи целокупниот имот им е ставен под хипотека. Сепак, дел од нив се сомневаат дека аферата “ Изгрев“ ќе биде целосно расветлена и веруваат дека дебели пари се кријат на штедни книшки во странски банки,на име на нивните потесни семејства. Неофицијално, бизнисот со текстил почнал да тоне кога една германска компанија со која Миладинови имале зделака, незадоволна од квалитетот го вратила текстилот.
Миладинови го изгубиле судскиот спор кој го повеле. Верувале дека ќе се закрепат и дека ќе ги вратат кредитите со продажба на земјоделската задруга во Трубарево која ја поседувале. Но многуте хектари земја не можеле да ги продадат бидејќи согласно законот, земјоделско земјиште во градежен опфат не се продава.
Се шекулира и дека не се расчистени сметките со познатите американски куќи “Њоолмарк”, “Лимитед”, “Еџпресс”, шпанскиот текстилен гигант “ Зара“, за кои “Кимико” работеше колекции по нарачка.
Приходите и расходите во Буџетот за 2024 година се реализирани на ниво над 96%, што е согласно со планираното во Буџетот При тоа растот на приходите и расходите во однос на претходната година е око...
Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид Тие ја пронајдоа паричката на заедничкиот традиционален појадок што се организира во општинската зград...
Во рамки на свеченостите по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, на 19012025 година на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ е предвидена е богата музичка програма По церем...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.