Најголемата сончева електрана во Австрија се гради кај аеродромот во Виена. Осум сончеви централи ќе произведуваат речиси третина од годишната потрошувачка на енергија на аеродромот, што е еднакво на потрошувачката на 7.000 домаќинства. Австрија цели да покрие 100 отсто од потребите, со обновлива енергија, до 2030 година.
Иако авијацијата со емисијата од 2,7 отсто предизвикува само мал дел од глобалните емисии на јаглерод-диоксид, аеродромот во Виена го презема својот дел од одговорноста и постојано го намалува овој број преку сончеви инсталации и новите еколошки технологии.
Новата електрана ќе испорачува 30 милиони киловат-часови електрична енергија годишно со своите 55.000 соларни панели, со максимална моќност од 24 мегавати на површина од 24 хектари.
Според градскиот министер за финансии, Петер Ханке, заштитата на климата има највисок приоритет.
Целта е климатска неутралност до 2040 година. За оваа цел, ние вложуваме во соларни централи, ветерници и хидроцентрали, централно греење и други технологии. Преку сончевите панели до 2025 година, ќе се произведува електрична енергија, и тоа максимум 250 мегавати, а до 2030 година предвидено е да се произведуваат 800 мегавати, објаснува Ханке. Погонот треба да биде завршен и ставен во функција на пролет следната година.
OhridNews