Софискиот аеродром е евакуиран поради добиена закана дека има поставена бомба. Евакуацијата е по наредба на министерот за внатрешни работи, по добиен телефонски повик во 1.20 часот по локално време, пренесе бугарската новинска агенција „Бгнес“. Полициски екипи веднаш го зазедоа аеродромот и почна пребарување на експлозивна направа. Не е дозволено приближување на никакви возила во областа околу аеродромот.

Неколку часа пред дојавата за бомба бугарската министерка за Европска комисија, Лилијана Павлова, била на аеродромот на прес-конференција за новинари, на настан во врска со електрични возила.

Во тек е истрага за тоа кој е инволвиран во инцидентот.