Од вкупно 350 аеродроми на светско ниво кои аплицирале за акредитација, досега само 60 успеале да се акредитираат, а меѓу нив е Меѓународниот Аеродром Скопје, како прв аеродром на Балканот кој успеа да се стекне со овој сертификат.
Меѓународниот Аеродром Скопје се стекна со акредитација од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, што претставува нов меѓународен репер во однос на спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот, креирана за да помогне да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се преземаат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје. – информира компанијата „ТАВ Македонија“
Здравствената акредитација на аеродроми на ACI е глобално признание и доказ за нашите постојани напори и посветено работење на одржливи здравствени мерки на аеродромот. Ние навистина веруваме дека ова дополнително ќеги увери нашите патници дека нивните патувања преку Меѓународниот аеродром Скопје се и ќе бидат безбедни, изјави генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.
Пред Здравствениот сертификат од ACI, Меѓународниот Aеродром Скопје во 2020 година го имплементира Пандемискиот протокол дизајниран според најновите здравствени стандарди на Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската унија (EASA) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), и скопскиот аеродром е еден од првите аеродроми кои успеаја да се усогласат со највисоките стандарди на ЕУ и со највисоките меѓународни здравствени стандарди за авијација.
Сертификатот, односно акредитацијата на ТАВ Македонија важи во следните 12 месеци, за што ќе следи процес на ресертификација од страна на ACI.
OhridNews