Аеродромот во Охрид кој поради густата магла во изминатите два дена беше затворен, од вчера попладне е отворен за сообраќај.
По кревањето на маглата вчера по 14 ч. на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид слетале 4 авиони, а за денеска е најавено полетување на авионот на „Croatia airlines“ за Загреб.
Поради густата магла затворен беше и скопскиот аеродром, а авионите кои требаше да слетаат во Македонија беа пренасочувани кон аеродромите во соседните земји.