Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ го прослави јубилејот -55 години од првиот комерцијален лет. На охридското воздушно пристаниште по тој повод беше организиран аеромитинг, свечен коктел и промоција на монографијата 55 години Аеродром Охрид од Томислав Тунтев.


На аеромитигнот кој привлече најголемо внимание кај посетителите зедоа учество подобранци од десантните едници и клубовите од Македонија, едрилици и мали авиони, а за првпат по повеќе години беше дозволено граѓани да пристапат на платформата и пистата од каде што одблизу имаа прилика да проследат полетување на два комерцијални авиони, од кој едниот во сопственост на израелска авиокомпанија со кој доѓаат туристи од Израел, а за чија безбедност се грижат агенти на израелсакта тајна служба МОСАД.

Инаку првиот комерцијале лет на ародромот во Охрид е изведен на 5 јули пред 55 години. Летот бил на релација Белград – Скопје – Охрид. Првиот авион слетал во 9 и 45, авионот бил од типот Даглас ДЕ ЦЕ 3. Полетал во 7 часот и 30 минути од аеродромот во Земун кај Белград и носел 15 патници и петчлен екипаж.

Кога првпат слетал авион во Охрид илјадници граѓани од Охрид и околијата дошле на аеродромот да го видат авионот и тоа било своевиден спектакл.

Од тогаш до сега аеродромот е неколку пати реконструиран, а низ годините работење бележи подеми и падови, а во 1988 година аеродромот забележал најголем број на патници кои поминале низ него, кога  полетале и слетале преку 110 000 патници.   

Љупчо Таневски
фото: Васко Бујароски