Рускиот аеродром „Пулково“ во Санкт Петербург привремено ги укина сите летови, соопштија градските власти на нивниот канал „Телеграм“. Прекинот траеше нешто повеќе од еден час.
Ројтерс јавува дека голем број авиони за Санкт Петербург денеска се враќаат на местата од каде тргнале. Најмалку пет авиони на пат од главниот град Москва до Санкт Петербург беа вратени назад кон Москва откако првично кружеа во воздух.
Засега не се соопштува причината за прекинот на летовите. Рускиот информативен сајт „База“ објави дека на небото е забележан неидентификуван објект и дека се испратени борбени авиони.
OhridNews