Дебелите полицајци од Џакарта добиле наредба два пати во неделата да вежбаат аеробик и склекови и да симнат неколку килограми. Сите полицајци потешки од 100 килограми мораат да учествуваат во програмата за слабеење поради се поголемиот број дебели полицајци на улиците кои му штетат на имиџот на полицијата, рекол портпаролот на полицијата во Џакарта, полковникот Рикванто.
Тој рекол дека за вишокот килограми се одговорни стресот и нездравиот начин на живот и исхрана. Досега во програмта се запишале 400 полицајци а сите за кои ќе се процени дека се предебели ќе мораат да вежбаат најмалку два пати неделно. Рикванто рекол и дека постојат планови програмата да се прошири низ целата земја. Никој нема да биде санкциониран доколку не изгуби килограми, но полицајците ќе мора редовно да вежбаат. Дозволено им е да вежбаат во сопствен ритам, а строги диети не биле препишани.