Аеро клубот Охрид продолжи со доминацијата во воздухопловното модерластво во Македонија победувајќи во Прилеп на државното првенство.
Охриѓани во силна конкуренција од 50-ет натпреварувачи во категорија Ф1Б- модели на гумен погон го освоија првото место екипно и го повторија минатогодишниот успех.
Климент Масин го освои второто место додека Александар Цветаноски се закити со бронзениот медал за најдобар пласман екипно.
Во категоријата Ф1Х младиот Петар Цветаноски заврши на третата позиција и обезбеди учество на светското првенство за јуниори во Прилеп каде што доаѓаат натпреварувачи од 70 земји.
Масин, пак, со вицешампионското место во категоријата Ф1Б го чекираше билетот за учество на Европското првенство под знамето на Македонија.
Со триумфот во генералниот пласман охридскиот клуб ја продолжи долгата традиција која трае од 1980 година кога за прв пат се појави на воздухопловната мапа.
OhridNews