На спортскиот аеродром во Прилеп, викендов се одржа 63-то Државно првенство во воздухопловно моделарство, каде што во силна конкуренција во категоријата Ф1Б-модели на гумен погон победник беше Аеро Клуб Охрид, кој го повтори минатогодишниот успех, со освоени први три места – прво место- златен медал го освои Масин Климент, сребрен медал Александар Цветановски и бронзен медал Митко Цветановски.
Во категорија Ф1Х најмладиот такмицар Александар Цветаноски се закити со усте еден медал и го освои третото место. Голема заслуга за најмладиот натпреварувач Александар Цветаноски за неговиот успех во категоријата Ф1Б и Ф1Х е тренерот Анастас Ботич.
Аеро Клуб Охрид продолжува со традицијата која од далечната 1980 важи за клуб со голем број на освоени награди како на Државни така и на Меѓународни првенства.
Ohridnews