Аерификација и посејувањето со трева ќе ги подобри условите на стадионот „Грашница“, кој се наоѓа во населбата „Воска“.
Како што информираат од ЈП „Билјанини Извори“, со посебни машини се врши дупчење на тревникот, а потоа ќе биде посејана трева, специјална за фудбалски стадиони.
Претходно, стадионот доби заштитна ограда, а следен потфат ќе бидат средување на соблекувалните. Неодамна, веднаш до стадионот во функција беше пуштено детското игралиште.
На стадионот „Грашница“ во минатото играше Охрид, а моментално е домашно тло на Воска 2002 и Воска Спорт.
OhridNews