На територијата на Република Македонија моментно нема нелегални комерцијални радиодифузни друштва, тврди портпаролот на Агенцијата за електронски комуникации, Марјан Пејовски.
Во текот на минатата година инспекциските служби извршиле надзор кај 90 легални и 91 нелегална радиостаница, при што издале 145 забрани за користење на радиофреквенциските опсези.

– Инспекцијата ја има поминато целата територија, при што е реагирано на база на прекршок и веќе се изречени решенија за забрана. Моментната состојба на теренот покажува дека нема нелегални радиостаници – изјави Пејовски.

Покрај кај нелегалните радиостаници, коишто емитувале програма без одобрение, кај легалните инспекторите реагирале поради злоупотреби со доделениот фреквенциски опсег, како што е зрачење со поголема јачина, што, пак, предизвикало пречки во други опсези.

Ohridnews