Агенцијата за електронски комуникации донесе одлука за утврдување на максималните цени на роаминг со Србија, Црна Гора и БиХ, земји со кои во текот на минатата година беше склучена спогодба за намалување на цените, објавија неколку национални медиуми.
Одлуката предвидува максималната просечна големопродажна цена за повици во роаминг (без ДДВ) за минута разговор, со примена од 01.07.2017 година да изнесува 0,05 евра. Максималната малопродажна цена за повици во роаминг (без ДДВ) за минута разговор со примена од истиот период за појдовни повици ќе изнесува 0,19 евра, а за дојдовни повици ќе изнесува 0,05 евра.
Максималната просечна големопродажна цена за СМС пораки во роаминг (без ДДВ) од јули 2017 година ќе изнесува 0,02 евра, а максималната просечна големопродажна цена за пренос на податоци во роаминг (без ДДВ) по MB, ќе биде 0,05 евра. Според најавите максималната малопродажна цена за пренос на податоци и ММС пораки, во роаминг (без ДДВ) по MB ќе изнесува 0,20 евра.
OhridNews