Ракометарите на АЕК Атина триумфирааа на 47-то издание од Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2019“. Во големото финале на теренот „Горан Попоски-Бабец“, грчките ракометари, со 27-23 го совладаа македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник.

Почетокот од финалниот натпревар им припадна на грците кои со добра игра во одбрана стигнаа до предност од 3-1. Еурофарм Работник се разигра и го презеде водството 6-5. Од тој момент до крајот на првото полувреме се играше гол за гол и нашиот состав замина со плус еден на одмор (14-13).

Во првите десет минути од вториот дел АЕК успеа да го анулира водството на Еурофарм Работник и да дојде до предност од два погодоци. Ракометарите на АЕК продолжија во ист ритам а „фармацевтите“ заостанаа уште два голови (22-18). Во финишот битолскиот клуб притисна, но безуспшено и АЕК стигна до првата историска титула на турнирот во Струга.

Со бронзениот медал се закити тимот на Ескилстуна Гиуф кој славеше против Струга 28-26, а Бутел Скопје со пласман на петтата позиција го заокружи турнирот во Струга. За најдобар ракометар прогласен беше Ловро Јотиќ од Еурофарм а наградата најдобар стрелец му припадна на Мирко Мајиќ од Бутел Скопје.

OhridNews