Во Охрид се одржаа Адвокатските спортски игри за 2015 година. Целокупниот настан, како и секогаш, помина во знакот на спортот, со големо дружење помеѓу адвокатите од четирите Апелациони подрачја: Битолско, Скопско, Гостиварско и Штипско и допринесе за зачувување и континуитет на долгогодишната традиција на одржување на спортските игри од ваков карактер.
Адвокатите во спортската сала Билјанини Извори во Охрид ги одмерија своите сили во следните дисциплини: фудбал, кошарка, шах, пикадо и пинг понг. Традиционално, натпреварувањата и оваа година завршија со дисциплината влечење јаже.
Адвокатската заедница од Охрид учествуваше со свои преставници на овие спортски игри и забележа завидни резултати.
Екипата на Адвокатската заедница од Охрид, во состав: Павел Мандулоски, Стојан Прензоски, Љубчо К. Наумоски, Коста Дескоски, Мики Милески, Спасе Спасески, Христијан Спироски, Горан Николски, Благоја Ристески, Владимир Алексијески во конкуренција на екипи од четирите Апелациони подрачја, со тесна победа во продолженијата од 5 спрема 4 против екипата од АЗ Скопје го освои првото место во фудбал со што ја одбрани титулата од минатата година.
За најдобар играч на овогоденешните спортски игри беше прогласен Стојан Прензоски од Охрид.
Ohridnews