Бракоразводните адвокати го советуваат принцот Вилијам пред скорешната венчавка со Кејт Мидлтон да го заштити својот имот со потпишување предбрачен договор. Адвокатите го предупредиле дека немаат сите бајки среќен крај, а посебно во британското кралско семејство во кое има мнгу пропаднати бракови.
Додека адвокатот кој бил задолжен за бракоразводната парница меѓу Мадона и Гај Ричи препорачува потпишување на договорот, кралското семејство одбива да коментира дали британскиот престолонаследник тоа ќе го стори пред венчавката закажана за оваа пролет.