Адвокатската комора на државата Илиноис-САД,  објавила 15 месечна суспензија за адвокатот Скот Роберт Ервин. Ервин и неговата клиентка се договориле дека таа ќе танцува гола во неговата канцеларија како би ги платила услугите.


Вкупно му должела 534 долари за застапување во неколку процеси, велат од комората. Кога стриптизетата се сложила да игра, се налутила кога адвокатот почнал да ја допира по телото, па го пријавила во полиција. Ервин одрекува дека недолично ја допирал девојката, која од тогаш не работи како стриптизета.