Репрезентацијата на Русија со тесни 3-2 ја победи Р. Ирска и се изеднчи по бројот на бодови на врвот на табелата со Ирска и Словачка. Холанѓанецот на клупата на “зборнајата“ смета дека победа над Ирска мора да се потврди со победа над Македонија во вторник.


– Русија беше подобриот тим. Ова беше заслужена победа. Најважно од сè е тоа што публиката виде една одлична Русија. Сега се вративме во борба за првото место, но мораме да играме и во вторник против Македонија. Ако таму оствариме лош резултат, тогаш оваа победа и не значи ништо – истакна Дик Адвокат по натпреварот.

 
Видео : Ерменија ја “збирша“ Словачка, Русија во трилер меч ја победи Р.Ирска

OhridNews