Ќе ги променат ли бугарските клубови имињата, рокот е до крајот на неделава!? Има ли во случајот Пендиков дело сторено од омраза? Врши ли меѓународната политика силна репресија врз правосудниот систем и до каде се реформите во правосудството?
Не очекувам да ги променат имињата, не очекувам ниту дека Министерството за правда ќе преземе нешто по однос на ова прашање. Сега повторно ќе се подигне атмосферата, па ќе реагира Софија дека еве повторно се оди против македонските бугари и ќе се обидат да извршат врз нас притисок преку Европската заедница рече во емисијата “Напладне” адвокатот Владо Чингоски.
Тој меѓу другото вели и дека случајот Пендиков непотребно се издигна на дипломатско ниво и смета дека во целиот случај нема дело сторено од омраза.