Адријана Лима изгледа се подобро и подобро, што покажуваат и новите провокативни фотографии за Викторија Сикрет на кои позира во топлес издание. Се чини дека преубавата бразилка е жена на која се и оди од рака, во еден момент е на вечера со сопругот во Италија, а веќе наредниот ден на снимање на новиот каталог за Викторија Сикрет.
Покрај тоа редовно вежба бокс, со чија помош ја одржува беспрекорната линија, и е добра мајка на своето девојче Валентина.
Новите фотографии за каталогот за долна облека на Викторија Сикрет се некои од нејзините попровокативни фотографии. Овој пат во преден план не се нејзините гради, туку совршено обликуваниот задник.