Славната бразилска убавица Адријана Лима во 34-та година од животот го добила тоа што одамна и припаѓа-насловна страна на престижното париско издание на списанието Вог. Зеленооката бринета најпозната како ангел на Викторијас Сикрет на насловната страна за ноември заблескала во многу интересно издание инспирирано од средновековниот период. За се да биде на највисоко ниво, добрата работа од другата страна на објективот ја одработиле Мерт Алас и Маркус Пигот.
Само за потсетување, Адријана претходно оваа година ја освоила и првата насловна на италијанскиот Вог во својата богата кариера.
извор:cromoda.com