Адријана Лима моментално е на трудничко отсуство од модните писти, а додека не се врати на работа тука е новиот каталог на „Викторија Сикрет“ во кој изгледа совршено.

„Викторија Сикрет“ дури сега го објавила новиот каталог на костими за капење и долна облека, во кој главна ѕвезда е Адријана Лима. Ова и било едно од последните снимања пред да направил пауза од работата поради бременоста.

Моментално била во Бразил со ќерката Валентина, а наскоро ќе се врати во Мадрид, каде живее со сопругот Марко Јариќ.

 Интересно е тоа што Лима, која треба да се породи во август, веќе е во преговори со тренерот кој и помогнал да ја врати линијата откако ја родила Валентина, па нема сомнение дека набрзо по породувањето повторно ќе шета по модните писти.