Бразилската убавица Адријана Лима (31) се сликаше за британскиот магазин за мажи „Esquire“. Мет Џоунс е автор на трите црно- бели фотографии на кои Лима е топлес, во шорцеви и бикини. Во пропратниот текст Мак Олескер навел неколку карактеристики на Лима: „Господа, ова е Адријана Лима- манекенка, глумица и сила на природата“.
Ако и понатаму го читате текстот, еве што треба да знаете: Родена е во Салвадор, дел од компанијата Викторијас Сикрет, а 9 дена пред секоја ревија презема ригорозни мерки за исхраната така што пие само вода и протеински шејкови, како побожен католик, Лима беше невина се до 2008 година кога се омажи за НБА кошаркарот од Србија, Марко Јариќ, кој е познат како „најсреќниот маж на светот“. Лима исто така е една од 50 најчесто гуглани жени, има 2,5 милиони фанови на Фејсбук, а околу 100 илјади луѓе „зборуваат за неа“ во секој момент на некоја од социјалните мрежи.