Супермоделот Адријана Лима која е во брак со кошаркарот Марко Јариќ, објавила фотографија со Пауло Коелјо, со кого долго имала желба да се запознае.

На гала свеченост која ја организирала компанијата за луксузни часовници “IWC”, атрактивната Лима имала прилика да го запознае писателот на култната книга “Алхемичарот“, Пауло Коелјо.

“Мојот сон се оствари. Го запознав Пауло Коелјо синоќа на “IWC” свеченоста“, напишала манекенката и ја објавила фотографијата.